ВМРО-ДПМНЕ како и што најави, тргна најсилно досега на терен, велат високите партиски функционери кои интензивно работат, одржуваат средби со граѓаните и ги посетуваат општинските партиски штабови. Во нив се бара место повеќе. Средбите со нив се успешни и продуктивни, жителите на населените места се задоволни, а се испраќа пораката дека на изборите на 11-ти декември, народот ќе стави крај на голготата во која СДСМ ја втурна нашата земја и ќе се продолжи со проектите за граѓаните.
Анастасија Илиеска од ВМРО-ДПМНЕ вчера оствари посети и средби со граѓаните на гевгелиски регион во населените места Миравци и Смоквица, како и во општина Богданци.
– Изминатите години ВМРО-ДПМНЕ многу внимателно и посветено работи и се труди се што ќе вети пред граѓаните, да го исполни. Многу пати сме биле во ситуација кога сме можеле да ветиме дека ќе решиме некој проблем кој ги засега граѓаните, но тоа не сме го сториле. Нашиот принцип вели, внимателно првин процени и провери, дали навистина имаме можност и ресурси тоа да го оствариме, па отпосле да речеме дека работата е завршена, дека тоа што Ви го ветивме и го реализиравме. Токму поради тоа граѓаните ни веруваат, веруваат во нашите зборови, веруваат пред се поради тоа што 10 години ја практикуваме власта на начин ветено-остварено и тоа е клучниот момент што ВМРО-ДПМНЕ го прави различен од останатите политички партии. Продолжуваме да работиме за држава во која ќе се отворат нови странски и домашни фабрики, нови работни места, сигурна, редовна и зголемена плата за работникот. Држава во која целата патна мрежа ќе биде на европско ниво, нови болници, градинки, спортски објекти…. Тоа е правото лице на ВМРО-ДПМНЕ, истакна таа.
Националните интереси биле, се и остануваат врвен приоритет.
-Нема пазарење со државата, тоа е се што имаме и низ историјата македонскиот народ се борел да го зачува ова парче земја, за некој мало но за нас доволно големо. За разлика од нас, господата од СДСМ во тој поглед целосно докажа дека немаат слух за државност, единсвено се склони кон деструкција и рушење на темелните позиции на државата, а тоа граѓаните го видеа последните две години. Ја втурнаа државата во невиден колапс, создадоа хаос, нетрапеливост помеѓу народот. СДСМ наметна тешка политичка криза, најдлабока политичка криза до сега, и тоа граѓаните неможат да го заборават. Граѓаните знаат дека СДСМ беше против идејата за самостојна и независна држава, понатаму граѓаните ја паметат и територијалната поделба, граѓаните уште повеќе ја паметат изјавата на Заев, за виткање на кичмата, дека сега е време да се редефинира државата. Нашите граѓани ја паметат СДСМ само по работи кои биле на штета на државата, тоа е таа сурова реалност со која СДСМ неможе да се соочи и помири со години. СДСМ, ја втурна државата во невидена криза и на работ на внатреетнички, но и можност за меѓуетнички конфликт, посакуваа крвопролевање, сакаа да не закрват до крај за да може без вољата на народот да дојдат на власт, истакна Илиеска.
-На нашиот народ тоа не му е потребно. На нашиот народ му е потребно развојна економија, перспектива, инвестиции, за тоа се бориме во ВМРО-ДПМНЕ, за тоа велиме да ставиме крај на оваа политичка криза која не ни носи добро, туку само ни нанесе огромна штета. 11 декември е денот кога нашите граѓани, ќе покажат дека Македонија има политичка зрелост и капацитет да процени, да оцени, да награди но и да казни. Да ги награди тие што искрено работат за земјата, но и да ги казни оние кои со години и коваат црни планови како да ја уништат сопствената држава, единствено само да дојдат на власт, посочи таа пред граѓаните.
Ристовски рече дека се уверени во фактот оти целокупниот успех може да се добие и реализира само со довербата на граѓаните, а довербата на граѓаните е нешто коешто го красело ВМРО-ДПМНЕ во изминатите десетина години.
– На еден начин целокупната активност и ангажман којшто ВМРО-ДПМНЕ ги имал граѓаните го потврдувале со голем број победи на сите избори досега, за разлика од нашите политички противници…Овојпат ќе понудиме најобемна програма убедени дека граѓаните повторно на 11 декември ќе бидат нашиот најголем сојузник, ќе бидат вистинскиот одговор на целата деструкција на СДСМ, нагласи тој.
– За разлика од нив коишто се обидуваат да креираат некакви вештачки сојузи со таканаречени невладини организации ние сме убедени дека на 11 декември народот на РМ ќе биде нашиот најголем сојузник и ова раководство на СДСМ на еден начин ќе го претрпи десетиот пораз со што и ќе биде испратено во историјата, нагласи Ристовски.
Миновски ги запозна насобраните граѓани со дел од новата програма со која ВМРО-ДПМНЕ ќе ја побара довербата на претстојните избори.
-Тоа е програма во која што централно место има креирањето на новите работни места, инвестициите, подобрувањето на животниот стандард и благосостојбата на граѓаните. За таа цел, имаме предвидено бројни мерки, имаме јасна визија на кој начин да се подобри животниот стандард во интерес на развојот на економијата, рече тој.
Миновски истакна дека мерките кои се предвидени во оваа програма се фокусирани на развојот на инфраструктура, развој на претпријатија, но Владата посебно внимание посветила и на земјоделството.
ВМРО-ДПМНЕ е концентриран на проекти и мерки кои ќе им помогнат на македонските граѓани.
– Луѓето сакаат да заврши кризата и сакаат државата да се занимава со нивните потреби и со нивните барања, заклучи Димовски.
Ѓорчев им порачал на граѓаните со кои оствари средба дека Македонија ќе излезе од кризата во која беше втурната од страна на СДСМ.
-Македонија покажа дека е доволно силна да ги издржи овие удари и да ја надмине кризата. На 11-ти декември претстои битка за Македонија во која граѓаните ќе порачаат дека цврсто стојат на позициите на македонска државност, дека цврсто стојат на позициите на македонската самостојност и нивното право да одлучуваат за нивните работи. Само граѓаните на Република Македонија ја бираат Владата. Тие се врховниот арбитар, тие даваат или земаат власт. 11-ти декември ќе биде денот кога граѓаните на Република Македонија, демократски, со ливче во раката, ќе одлучат за оваа држава од позициите на македонска државност и правото на избор, порача Ѓорчев.
Во придружба на Ѓорчев на средбите со голем број на граѓани беше и Владимир Неловски, лидер на партиската пладина на ВМРО-ДПМНЕ.
Воедно, заедно со градоначалникот на Ресен, Ѓоко Стрезовски, Милошоски присуствуваше на асфалтирање на локалните патишта и улици.
На средбата со ресенчани, тој истакна дека СДСМ преку газење на националните интереси се обидува да дојде на власт и дека не може преку креирање на кризи да ги минимализира ефектите од странските инвестиции.
-Граѓаните од овој крај се спротивставуваат на политиките кои се наметнуваат од страна на опозицијата, кои ги имплементираат преку Катица Јанева и СЈО. Од овде сакаме да порачаме дека нема да потклекнеме на тие провокации, дека ВМРО-ДПМНЕ е најголема и сериозна партија која и досега нудеше одлични решенија, конкретни проекти кои ги импелемнтира, а така и ќе продолжиме понатаму. Со граѓаните споделивме неколку нови моменти од поретстојната програма која ќе биде најобемна во историјата, рече Делев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)