Владимир Нелоски, лидер на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и член на ИК на владејачката партија, денес оствари средба со жителите на Брвеница. Тој разговараше со младите за новата програма на ВМРО-ДПМНЕ.
– За разлика од опозицијата која што оди на терен и не разговара за проблемите на граѓаните, ние зборуваме за конкретни дела и проекти од кои што сите млади ќе имаат некаков бенефит по 11-ти декември. Претседателот Груевски најави 40 проекти за млади, а веќе 5 од нив младите имаат можност да ги користат. Остануваат минимум уште 35 од кои бенефит ќе имаат младите од цела Македонија. Им ги презентираме и доближуваме проектите за младите да знаат зошто гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. Младите ќе бидат предводник на победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите, рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)