| четврток, 6 декември 2018 |

Македонец ги воодушеви сите – Карлеуша го гушкаше, Лукас му честиташе

Ристе Ристески од Охрид направи вистинско шоу на својот настап во „Ѕвездите на Гранд“.

Прво се претстави со песната „Страх ме да те сањам“ од Џенан Лончаревиќ, а потоа со песната „По тебе“ од Тоше Проески, па жирито не можеше да одолее и да не стане на нозе при изведбата на овој Македонец.

%d1%80%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b5

Ристе е инаку миленик на Јелена Карлеуша уште од минатата сезона на шоуто, а на вчерашниот настап дури два пати дојде до него за да го бакне и гушне. Исто така, лично му честитаа и Аца Лукас и Марија Шерифовиќ, па според симпатиите кои жирито ги има кон Ристески, можеби оваа сезона победник на шоуто ќе биде токму овој Македонец.

Во продолжение, слушнете ги изведбите на Ристески, како и коментарите на жирито.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top