Македонскиот репрезентативец, Езџан Алиоски одигра уште еден квалитетен меч во најсилниот швајцарски шампионат по кој изби на чело на листата на стрелци.
Имено денеска нашиот офанзивен фудбалер и неговиот Лугано успеаа да излезат како напоразени од пресметката со шампионот Базел играјќи 2-2. Алиоски беше стрелец на вториот гол за својата екипа во 75 минута од пенал и во тие моменти донесе водство од 2-1.
Меѓутоа фаворитот се избори за бод и тоа преку Кала од пенал во 88 минута.
Ова за Алиоски беше осми сезонски гол со што ги остави зад себе Думбија (Базел),Кајо (Грасхоперс) и Шнувли (Луцерн)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)