| четврток, 6 декември 2018 |

Ексклузивно: Не ги скара знамето, туку нешто друго – вистината за Дражен и Дивац (ФОТО)

divac-drazen-500

Кој е Дражен знаат многумина, но малкумина го познаваа ово душа, растеа со него, делеа добро и зло, од првите денови на детството до последните негови денови. Едни од оние кои не сакаат да се појавуваат во медиумите се Дубравко и Фабијан Журиќ, шибенчани, кошаркарски фанатици. Фабо бил соиграч на Дражен во Шибенка, а до крајот на животот заедно со братот Дубравко негови најверен пријател.

zuric7-191016

Фабо тешко се отвора за весниците, но Слободна Далмација успева за првпат да дојде до eксклузивна изјава на еден од браќата на Дражен. (Целиот текст можете да го прочитате на Слободна Далмација)

-Морам да ви кажам дека за Дражен не сакам да зборувам во медиумите, многу се пишувало и многу од тоа не е точно, а еве Дубре и јас ќе ви кажеме правата вистија за Дражен. Дубре и јас сме биолошки браќа, а Дражен ни беше третиот брат, Денис Ерцег четвртиот и Стојко Вранковиќ петтиот. И нема повеќе! Сите кои си го присвојуваат Дражен, лажат и оној филм на Владе Дивац „Еднаш браќа“ е лажен, зашто само ние му бевме вистински пријатели на Дражен и да снимаме филм, би се викал „Засекогаш браќа“, раскажува Фабо во еден здив.

-Го фалеа тој филм, но многу работи во него не се вистина. Еве еден детаљ, знаете ли зошто се скараа Дражен и Дивац, прашува Фабо подготвен да одговори на своето прашање.

drazenpetrovic-1982_0001

-Не се скараа за знамето на Светското првенство во Аргентина, тоа е приказна за весниците. Сега ќе ви кажам зошто се скараа. На натпреварот дојде до турканица, Дражен падна на паркетот, а Дивац го згазна со патиката. Тогаш Дражен јуначки го опцу и оттогаш се прекина нивното „големо“ пријателство. Значи, не беше тоа големо пријателство, ниту знамето беше проблем, и тоа не боли, зашто Дивац постојано го спомнува Дражен како голем пријател, а тоа не е вистина, вели Фабо.

zuric2-191016

Најдобриот хрватски и југословенски кошаркар денеска би имал 52 години. Тој загина на 7 јуни 1993 година, на 28 години. Идолот и примерот на многу тогашни млади, човекот кој можеше да стане еден од најдобрите на сите времиња без сомнение, човекот што беше речиси без мана, и на теренот и надвор од него загина во сообраќајна несреќа во Германија.

drazen

Својот последен натпревар Дражен го одигра против Словенија во квалификациите за Европско првенство. Хрватската репрезентација со авион се враќаше од Полска, а Дражен се враќаше со автомобил, а зад воланот беше неговата девојка, германската манекенка Клара Саланци. За жал, тоа беше негово последно возење.

petrovic

Живееше за кошарка и за спортот. Со кошарката е од неговата 13. година, играше за Цибона и за Реал Мадрид, дури стигна и во НБА-лигата во редовите на Портланд, но таму само ја грееше клупата. Издржа две сезони со мизерна минутажа во игра и потоа отиде да игра во Њу Џерси Нетс каде што имаше можност да го покаже неговиот талент. Таму беше еден од најдобрите шутери во НБА-лигата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top