За изградба на водоводни и канализациони системи низ цела Македонија, обезбедни се 59 милиони евра преку Европската инвестициска банка. До сега се реализирани 55 проекти во вредност од над 18 милиони евра.
-Проектот е почнат пред извесен период. Се работи за 59 милиони евра од Европската инвестициска банка за инвестирање во водоводни мрежи и канализациони мрежи низ цела Македонија. До сега се инвестирани 18 милиони евра за околу 50-тина проекти, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Во тек на реализација се нови 30 проекти со вредност од над 10 милиони евра.
-Проектот е во полн ек, еден дел се завршени, еден дел се во градба и за еден дел се подготвува да почне градба на канализациони и водоводни мрежи онаму каде што ги нема, онаму каде што граѓаните ги бараат и се разбира онаму каде што сме ги ветиле, додаде Груевски.
Со континуираното инвестирање во водоводни и канализациони системи, се решава еден од најгорливите проблеми на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)