Пензиониран полицаец и кандидат за пратеник на Златна зора со три истрели од огнено оружје, застрела маж сопственик на фитнес центар.
Убиството се случи вчера во центарот на Атина кусо пред 18 часот, на помалку од 1 километар од централната зграда на грчката полиција.
Причините за убиството за сега официјално се непознати, а неофицијално, на убиецот му пречеле безбедносните камери кои сега веќе починатиот ги поставил на влезот од неговиот фитнес центар.
Веројатно имале куса расправија, по што 60 годишниот си заминал, отишол дома, земал пиштол, се вратил и ладнокрвно со 3 истрели во глава го убил сопственикот на фитнес центарот.
Полицијата се уште трага по убиецот, а според информациите во грчките медиуми станува збор за 60 годишен пензиониран полицаец, кој во 2012 на парламентарните избори во Грција, бил кандидат со Златна зора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија