Повеќе од 2.000 Романци протестираа во Букурешт барајќи обединување со соседната Молдавија. Демонстрантите ги носеа и романското и молдавското знаме, а некои од нив извикувале „Бесарабија е дел од Романија“, употребувајќи го историското име на Молдавија.
Дел од демонстрантите за кратко се судрила со полицијата, по што полицијата привела најмалку две лица.
МОлдавиоја беше дел од Романија до 1940 година кога беше анексирана од СССР , а потоа прогласи независност од 1991 година. Голем број Молдавци, земја со четири милиони жители, се со романско потекло. Сепак прашањето за обединување нема многу поддржувачи ниту во Романија, ниту во Молдавија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.