Во вечерашното гостување во емисијата Топ Тема на Телма, специјалната обвинителка Катица Јанева го потцени македонскиот народ и фелата од каде доаѓа и самата. Таа призна дека во СЈО постојат роднински врски што е вистински срам. Според Јанева, јакнењето на капацитетите на СЈО подразбира вработување на нејзини роднини како дел од тимот.
-Да, бидејќи сите се свесни дека е на определено време. Има роднински врски во нашето обвинителство со компетентни кадри, е одговорот на Катица Јанева на прашањето „Дали јакнењето на капацитети на СЈО подразбира и вработување на ваши роднини?“ за време на нејзиното гостување во емисијата Топ Тема.
На прашањето нели тоа е непотизам, против кој таа треба да се бори, Јанева со одговор:
-Каков непотизам е тоа што некои помошни работи врши, а јас сум јавен обвинител. Да, го вработив мојот внук да работи како економски приправник, гордо потврди Јанева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)