Кипар не може да добие спасувачка финансиска програма пред март, изјави претседателот на Еврогрупата и премиер на Луксембург, Жан Клод Јункер.
Тој пред состанокот на министрите за финансии од еврозоната истакна дека на средбата ќе биде разгледано кипарското прашање, но напомена дека нема да биде донесена одлука за спасувачкиот пакет, бидејќи преговорите се уште траат.
Кипар, за да ги рекапитализира банките и за да спречи евентуален банкрот има потреба од финансиска поддршка во вредност од околу 17 милијарди евра, што речиси е еднакво на годишниот бруто домашен производ на островската држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Миноски: Стопирањето на изградбата на инфраструктурните проекти доведоа до пад на економската активност
-
Со години криела дека е Албанка, а сега предизвика огромен скандал во Грција
-
Задолжувањата растат вртоглаво: Владата и МФ се задолжуваат нови 56 милиони евра
-
Јункер в недела во Македонија на средби со државниот врв