Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Пешевски вечерва беше на средба со жителите во Петровец.
– Наместо деструктивноста и манипулациите на СДСМ, граѓаните ги избираат конструктивноста и проектите на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо обвинувања и ширење на дезинформации, граѓаните сакаат програми и проекти. Проекти кои создадоа 160.000 работни места со кои невработеноста е намалена на рекордно ниски 24%, проекти со кои се градат и рехабилитираат патишта, основни и средни училишта, градинки, болници, проекти и за помладите но и за постарите. Граѓаните знаат дека со работа, посветеност и труд се постигнуваат резултати и токму затоа ја даваат својата доверба на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните на изборите на 11 декември ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, затоа што се сигурни дека ние ќе ја оправдаме нивната поддршка. ВМРО-ДПМНЕ со сигурност победува на следните избори и со тоа ќе ставиме крај на политичката криза и ќе продолжиме со реализација на проекти за поубава и постабилна иднина – изјави Пешевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)