Џорџ Клуни е еден многу среќен маж. Неговиот брак со Амал Клуни(38) со месеци беше под знак прашање, бидејќи никој не веруваше дека парот ќе успее.
Но како што изминува втората година, а тие и понатаму се во среќен брак, на нагаѓањата им дојде крај.
Овие денови Џорџ вредно работи на снимање на својот нов филм, а Амал го користи секој слободен момент да го посети на сетот.
Во вторникот таа на сетот се појавила облечена во ретро стил. Трапез фармерките со цветен дезен одлично прилегаа на нејзината фигура, а краткиот жолт џемпер го откри виткиот струк на адвокатката. Печат со единствен стил дала кафената торба со долги реси.
Амал при средбата со својот маж страсно го бакнала и прегрнала не грижејќи се за папараците, а Џорџ задоволно се смешкал. Во Холивуд се шушка дека Џорџ е заљубен како тинејџер и дека Амал го следи каде и да снима.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.