Конечно екипата на Манчестер Јунајтед одигра меч како што се очекуваше. Во рамките од 3. коло од Лига Европа англискиот гигант со убедливи 4-1 беше поуспешен од тимот на Фенербахче, а најзаслужен за оваа победа беше првата ѕвезда на тимот, најскапиот фудбалер на планетата Пол Погба.
Французинот одигра солиден меч, постигна два гола, а на тоа најмногу се сити менаџерот на тимот Жозе Мурињо кој со нетрпение го чекаше овој момент за да им ја затвори устата не некои новинари.
– Вие новинарите, не сите, вие што мислите дека сте Ајштајн. Во вашиот мозок, Погба за само 48 часа од неук стана одличен играч. Вас сакам да ви кажам нешто. Погба е одлично момче и ќе биде феноменален фудбалер. Се разбира дека не падна во депресија поради вашите глупави статии. Тој знае дека потребно е време за да се прилагоди на овој стил на игра, во Италија се игра сосема различен фудбал – по мечот изјави Португалецот.
Следен меч на Погба е против својот поранешен тренер Антонио Конте. Јунајтед в недела игра уште едно големо дерби против тимот на Челзи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Остри критики кон Мурињо: Ако има доволно пари, нема потреба повеќе да пречи, нека се откаже
-
Мурињо: Тоа не беше казна, не е страшно ако Погба еден натпревар е на клупа
-
Мурињо го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед
-
Искри на теренот на Фенербахче: Јаховиќ гради в гради со Шкртел, Демирел го фати Македонецот за врат (видео)