На терен сме да се посетат што повеќе села, што повеќе градови за да се прати пораката дека Република Македонија сака да заврши оваа криза, дека ни е потребна стабилна влада и дека Никола Груевски е човек кој најдобро може да се грижи за економијата, платите, пензиите. Дека стабилната Влада ќе може да ја врати Македонија на нормален и редовен колосек, истакна денес од Дебар Влатко Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
-Имаме две гарнитури, една предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата која сака што повеќе да се вратиме на редовните проблеми на потребите на граѓаните, што е можно побрзо да се вратиме на периодот на отворање на фабрики нови работни места, зголемување на плати, пензии, субвенции…и од друга страна ги имаме СДСМ и Заев кои сакаат што е можно подолга криза, што е можно полоши економски текови, помалку инвестиции, истакна Ѓорчев.
Тој испрати порака дека на 11 декември Република Македонија треба да гласаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ѓорчев до СДСМ: Кои се тие „европски вредности“ со 50.000 наполнети ливчиња?(видео)
-
Ѓорчев: Владата покажува дека сака решение за името по секоја цена!
-
Ѓорчев: Гласачите на СДСМ се изневерени, владата на Заев не ги исполнува ветувањата
-
ВМРО-ДПМНЕ досега поднесе 70 амандмани и бара мнозинството да го повлече законот за јазиците