
Луис Суарез денес и официјално беше крунисан како надобар голгетер за изминатата година со постигнати 40 гола. Ова е негова втора награда „Златна копачка“, по онаа во 2014 година, кога ја подели со Кристијано Роналдо со кого постигнаа по 31 гол.
Уругваецот ја прекина доминацијата на Роналдо во последните две сезони, но уште заостанува по бројот вакви одличја зад него и Лионел Меси. Аргентинецот има три, додека рекордер е токму најдобриот играч на Реал Мадрид со четири одличја. Меси е најефикасниот во историјата и е рекордер по постигнати голови во една сезона со 50 во сезоната 2011/12.
Од последните десет години, дури седумпати Кристијано Роналдо и Лионел Меси беа крунисани за најдобри голгетери. Само Диего Форлан, Луис Суарез и Франческо Тоти успаа да ја прекинат хегемонијата во европскиот фудбал.
На денешната церемонија во Барселона, Луис Суарез се обрати кон присутните и им се заблагодари на своите соиграчи, кои беа дел од неговите голови минатата сезона.
– Се наоѓам во најдобрата екипа во светот, со најдобрите фудбалери. Првично доаѓаат колективните цели, титулите во Лигата на шампионите, Примера и Кралскиот Куп, па потоа индивидуалните. Сакам да им се заблагодарам на сите што имаат некаков дел во Барселона и секако на моите соиграчи, кои ми помогнаа во остварување на мојот сон. Мислев дека мојата награда, што ја освоив во Ливерпул ќе биде последна, но моите колеги од екипата ми помогнаа да стигнам до второ одличје. Во Ајакс беа моите почетоци, по кои започнав да го учам европскиот фудбал. Потоа продолжив во Ливерпул, но немав шанса да ја освојам Премиер лигата. Тука во Барселона работите се многу полесни, кога играте со феноменални фудбалери – рече 29-годишниот напаѓач на Барселона.
Luis Suárez recibe su Bota de Oro en vivo por https://t.co/6x09DPe9qI #SuarezBotaDeOro https://t.co/Qj3pbmiwqU
— Claro Sports (@ClaroSports) October 20, 2016
На денешната церемонија присуствуваа сите соиграчи на Суарез од Барселона, како и претседателот на клубот и неговата сопруга и двете деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


