| четврток, 6 декември 2018 |

Семејство продавало девојки за секс во Охрид

Петмина охриѓани и двајца велешани се уапсени вчера под сомнение за организирање  група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со малолетно лице и шверцуцање емигранти и за посредување во вршење проституција.

Првопријавениот во својство на организатор создал криминална група во која членови се Ф.А. (негов син), Д.А. (негова сопруга), а Б.Н., З.Д., О.Ч. и М.А. имале задача да вршат експлоатација по пат на проституција на женски лица-жртви на трговија со луѓе во временски период од јуни до октомври 2016 година.

Tие за 3.000 денари за услуга им овозможувале на лица клиенти користење на сексуални услуги во угостителски објект „Филип Астор“ во Охрид.

При извршените претреси пронајдени се 13.350 евра и 3.519 американски долари, персонален компјутер, USB, потоа ловна пушка со девет патрони, 18 куршуми за сигнален пиштол, пиштол марка берета со пет куршуми, 10 телефонски апарати, шест уплатници и една исплатница и возило. На сите им е одреден притвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top