Саудиски принц избркал руски олигарх од јахта вредна 400 милиони долари, откако јахтата ја купил на лице место.
Принцот Мохамед Бин Салман, заменик на престолонаследикот бил на одмор во Франција кога ја видел и се заинтересирал за луксузната јахта Серена, долга 134 метри.
Тој ја купил на лице место и го натерал рускиот милијардер веднаш да се исели од неа, пишива Дејли меил.
Огромната јахта своевремено била меѓу трите најголеми на светот, тврди Форбс, и тоа веднаш зад 162,5 метри долгата јахта Еклипс, сопственост на газдата на Челзи, Роман Абрамовиќ и 140 метри долгата Оушен Виктори, на Виктор Рашиков, моќник од индустријата на челик.
Серена пред две години ја изнајмил Бил Гејтс и неговото семејство и за тоа плаќал пет милиони долари неделно.
Серена има 15 соби, ноќен клуб, кино, карпа за качување, базен со моркса вода, библиотека, спа, соба за подводно разгледување, теретана и две џакузи.
Исто така има две места за слетување, хангар за хеликоптер,хангар за подморница и повеќе базени.
Се претпоставува дека нејзината вредност е околу 400 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Девојката на Роси се соблече на јахта, папараците ја „изедоа за појадок“ (ФОТО)
-
Првата жена ја изневеруваше без срам, а со сегашната троши ненормални суми пари: Принцот Чарлс ја разбесни јавноста!
-
Принцот Вилијам: Александар е добро име за новиот принц
-
Наследниците на Принс поднесоа тужба: Тие можеа да ја спречат неговата смрт