Мексикански федерален судија специјализиран за случаи поврзани со трговија со дрога беше убиен вчера во Мексико.
Триесет и седумгодишниот Висенте Антонио Бермудас, судија во градот Толука, беше прострелан во пределот на главата додека излегувал од својот дом во близина на градот Метепак, во сојузната држава Мексико. Тој починал во возилото на Брзата помош на патот кон болницата.
Претседателот Енрике Пења Нието изјави во телевизиско обраќање дека му наредил на главниот обвинител да го истражи случајот.
Бермудес од март се занимавал со федерални дела за трговија со дрога во Мексико. Тој разгледувал неколку жалби поднесени од адвокати на шефот на картелот „Синалоа“, Хоакин Ел Чапо Гусман и на Мигел Тревино, поранешен шеф на картелот „Сетас“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)