| четврток, 6 декември 2018 |

Димовски: ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со истото темпо – отворање нови работни места

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, гостувајќи во „Аргументи“ на ТВ Нова говореше за кампањата на владејачката партија, потврдувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ и по овие избори ќе продолжи со истото темпо како и досега.

– Главна концентрација на ВМРО-ДПМНЕ и на овие избори е отворање на нови работни места, отворање на нови фабрики. Од исклучителна важност е намалувањето на невработеноста, што од 38 отсто се намали на 24 проценти, а колку помала е невработеноста, толку повеќе ќе се зголемува трката по квалитетна работна рака односно таа трка ќе создаде притисок за зголемување на платите – истакна Димовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top