Љубителите на фудбалот вечерва имаа ретка можност да уживаат во сите осум натпревари од Лигата на шампионите. На осум натпревари беа постигнати дури 28 гола или во просек точно по 3,5 по натпревар.
Најефикасен беше натпреварот во Лондон, каде Арсенал го декласираше Лудогорец со 6-0. По пет гола беа постигнати во Минхен и Неапол во кои Баерн славеше со 4-1 над ПСВ, а Наполи мораше да ги препушти трите бода на фантастичниот Бешикташ и загуби со 2-3. Само на мечот меѓу Ростов и Атлетико Мадрид беше постигнат само еден гол. „Јорганџиите“ славеа со 1-0 за максимални девет бода од три меча.
Барселона – Манчестер Сити 4-0
Арсенал – Лудогорец 6-0
Баерн Минхен – ПСВ 4-1
ПСЖ – Базел 3-0
Наполи – Бешикташ 2-3
Ростов – Атлетико Мадрид 0-1
Динамо Киев – Бенфика 0-2
Селтик – Борусија Менхенгладбах 0-2
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)