| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров: СДСМ направи многу голема штета, дојде време да платат

– СДСМ направи многу голема штета, две години ја држат во заложништво цела држава, и народот и државата. Дојде време да платат за таа штета, а фактурата ќе им стигне на 11 декември од граѓаните. Народот сега ќе може да види што нудат они, а што сме исполниле ние и да ја направат разликата. Народот знае дека има голема разлика меѓу нас и нив, дека ние подобро се справуваме со економските предизвици, дека отвораме нови работни места, фабрики отвораме во нивно време само се затвораа фабрики – изјави Никола Тодоров, член на ИК на ВМРО ДПМНЕ на денешната средба во жителите од радовишко Ораовица, .

Според него, две работи се сигурни. Прво дека ќе има избори на 11 декември и второ дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи. Тој додаде дека 560.000 вработени имало вкупно кога биле СДСМ на власт до 2006 година.

-Така ја оставија државата, со најголем процент на невработеност во историјата, над 38 проценти. Сега невработеноста е 24 проценти и со 720.000 вработени во државата, тоа е огромна разлика. Не е доволно и треба да се направи уште многу и свесни сме, но ова се чекорите кои ги имаме преземено и чекори кои никогаш во времето кога тие управувале со државата не ги направиле, тоа е препознаено од граѓаните – потенцираше Тодоров.

Граѓаните, додаде членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, знаат да оценат кој има подобра програма, кој ги остварува ветувањата и кој подобро ја води економијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top