Календарот за 2017 година што се појави во Русија покажува дека претседателот Владимир Путин знае да ја изненади светската јавност.
Календарот се состои од 12 различни фотографии од Путин на кои тој се појавува во различни ситуации: во воена униформа, како гали мачка итн.
Секој месец носи и по еден цитат од рускиот претседател, како на пример оној што стои до фотографијата на која Путин излегува од авион, со поглед во далечина: „Русија е мирољубива земја на која не ѝ требаат туѓи територии и природни богатства. Но доколку некој ја загрози, ќе го употреби сето расположливо оружје за да ја осигура својата безбедност“.
Минатата година Путин објави сличен календар на кој имаше фотографии како си игра со кучиња, мириса цвеќиња, вежба гимнастика итн. Тоа ги изненади фановите бидејќи во секојдневни ситуации го видоа лидерот на една од најмоќните држави со 144 милиони жители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)