Двајазичната табла на општинската организација на СДСМ во Чаир беше првиот чекор за спроведување на дело на најавите на Зоран Заев за двојазичност. Откако стана јасно дека македонскиот блок нема да излезе на Маршот за федерализација, со цел да го омекне, чаирскиот огранок ја отстрани таблата, а сега, по хаосот кој со двојазичната табла во Чаир, се распаѓа и општинската организација на СДСМ во Гази Баба.
Од оваа општинска организација не го кријат револтот за поделеноста во партијата и за непочитувањето на статутот.
-И така е килава работава во О.О. Гази Баба скоро 1.5 година и како е можно, ама изгледа е можно со раководството, да не се почитува статутот на СДСМ, во Гази Баба да се одржуваат состаноци по месните организации со присуство од 5 до 15 луѓе (и тоа во некои месни имало луѓе и што не биле членови на СДСМ, ама им излегле во сусрет), а треба да бидат присутни 30% од запишаните членови и да си се предлагаат меѓу себе за листа на пратеници. Ама што е најчудно, записниците поминале во Гази Баба со предложените предлози, напишаа тие на ФБ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.