| четврток, 6 декември 2018 |

Доделување на наградата „Клучевите на Преспа 2016“

Во рамките на интернационалниот театарски фестивал „Актерот на Европа“, кој се организира од страна на Универзитетот за аудиовизуелни уметности – ЕФТА – Скопје и Општина Ресен, традиционално се доделува наградата „Клучевите на Преспа“ за научни достигнувања и трудови, кои се референтни за преспанскиот регион…

Минатата година добитници на оваа награда беа Гзавиер Боне од Франција и академик Вера Битракова од Македонија.

Овогодинешни добитници на наградата „Клучевите на Преспа“ се академик Владо Матевски, редовен професор на Природно-математичкиот факултет во Скопје и потпретседател на МАНУ, и д-р Андраж Чарни, предавач и стручен соработник на Словенечката академија на науки и уметности.

Наградата им се доделува за нивниот особен придонес во  проучувањето на флората во Македонија, и особено за уникатната флора на планината Галичица, кое што публикувано во бројни научни публикации.  Со тоа не само што  ја збогатија сферата на своето специфично научно делување,  туку  и посредно го афирмираа и преспанскиот регион во еден поширок контекст.

Наградата на Д-р Андраж Черни ќе му биде врачена денеска, 18 октомври, во 16:30 часот во просториите на Универзитетот за аудиовизуелни уметности – ЕФТА, Скопје, од страна на градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски, во присусво на истакнати личности од академскиот и општествениот живот на Р. Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top