Полубратот на американскиот претседател Барак Обама изјави дека ќе присуствува на последните американски дебати за претседателските избори како гостин на кандидатот на републиканците Доналд Трамп, објавија денска американски медиуми.
– Доналд Трамп ми се допаѓа, бидејќи зборува од срцето. Да се направи Америка повторно голема е одличен слоган. Би сакал да го видам, изјави Малик Обама за „Њујорк Пост“.
Малик Обама е роден во Кенија, но има американско државјанство. Уште во јули првпат рече дека ќе гласа за Трамп. За Трамп ќе гласал и делумно затоа што Хилари Клинтон е виновна, според него, за смртта на либискиот лидер Моамер Гадафи, кој му бил пријател.
Трамп преку Твитер му се заблагодари на Малик Обама за поддршката
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.