Пет повредени навивачи и двајца шпански полицијци е епилогот по синоќешните инциденти во близина на „Сантијаго Бернабеу“ што ги предизвикаа полски хулигани пред дуелот на Легија и Реал Мадрид во Лигата на шампиони.
Гостинските фанови, според агенцијата АФП, почнале да фрлаат димни факели и шишиња кон полициските сили што го обезбедувале подрачјето. Судирот траел 30 минути.
Локалната полиција соопшти дека ниту еден навивач не е уапсен во хаосот. Од Варшава во Мадрид допатуваа околу 3.500 фанови на Легија. Но, затоа се приведени тројца кои во текот на денот нападнале келнерка во еден бар во обид да и го одземат прометот од каса.
Синоќешниот неред во Мадрид што го предизвикаа симпатизерите на Легија не е нивни прв во Лигата на шампиони во сезоната. Нападнаа и навивачи на Борусија Дортмунд во Варшава при гостувањето на бундеслигашот во првото коло од групната фаза. Полскиот клуб е санкциониран со еден меч на домашен терен без публика и 80.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.