Вчера околу 14,30 часот во с.Долни Подлог-кочанско од засега непознати причини настанал пожар во помошна просторија,плевна, сопственост на Д.С. (85).
Во помошната просторија пронајдена била почината неговата сопруга Љ.С. (84). Д.С. обидувајќи се да ја спаси Љ.С. се здобил со телесни повреди,изгореници во пределот на лицето и телото и бил пренесен во Медицинскиот центар во Кочани каде бил задржан на лекување.
Пожарот бил изгаснат од екипа на ТППЕ. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од ПС-Кочани. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Спасени осум мигранти од пожар во прифатен центар во близина на Атина
-
Семејната традиција продолжува: Романка стана баба на 23 години, а сега и нејзиниот 8 годишен внук се свршил!
-
Војници спасиле шест лица од пожарот во Дебар Маало
-
Голем пожар изутринава во Скопје, интервенирале 8 возила: Изгореа ресторан и возила