| четврток, 6 декември 2018 |

Игор Акинфеев со црна низа од десет години во ЛШ (видео)

igor-akinfeev

Рускиот репрезентативец Игор Акинфеев дефинитивно не може да си ја сочува мрежата незатресена кога станува збор за натпреварите од Лигата на шампионите против ЦСКА Москва.

Рускиот првак денеска ремизираше 1-1 на домашен терен со Монако, откако „кнезовите“ спасија бод со голот на Бруно Силва во 87. минута. Со тоа, Акинфеев и на 40. натпревар во низа во елитното европско натпреварување прими најмалку еден гол, што е убедливо најдолга серија од ваков вид кај голманите во ЛШ.

Во следното коло ЦСКА гостува во Монако, но како тргнал Акинфеев, тешко може да се надева на прекинување на оваа црна низа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top