| четврток, 6 декември 2018 |

Мисајловски: Свети Николе не сака двојазичност, доста е со црни сценарија

Доста со црни сценарија, доста и е на Република Македонија некој да не води во безизлез, порача Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ по средбата со граѓаните од Свети Николе.

– Сакаме да им порачаме на СДСМ дека Свети Николе не сака двојазичност, СДСМ да почне да прави позитивни проекти за Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ тоа го прави постојано, Свети Николе е македонски град – посочи Мисајловски.

Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе покаже колку силно ќе победи на 11 декември

– Ние сме позитивно насочени кон сите проекти, сакаме да стигнеме со секој еден граѓанин и да им порачаме дека сета програма која ја имаме предвидено е за нив. Ќе работиме за граѓаните, за проекти за Република Македонија. Мора еднаш да и ставиме крај на кризата и да се определиме кон нешто што е добро за Р. Македонија. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, тоа се проектите, делата -потенцираше Мисајловски кој додаде дека партијата има голем број на проекти кои треба да се реализираат во корист на граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top