| четврток, 6 декември 2018 |

Џиџи Буфон се врати, „Супермен“ ја спушти ролетната (видео)

dzidzi-bufon

Легендарниот голман на Јувентус, Џиџи Буфон, синоќа имаше феноменална партија на гостувањето во Лион во рамките од 3. коло на ЛШ (0-1) и на еден начин им ги затвори устите на критичарите кои во последниот период само „плукаа“ по него.

38-годишниот италијански репрезентативец најпрво во 35. минута го одбрани пеналот на Лаказет, потоа по само пет минути одбрани тежок удар упатен од Фекир, а непосредно пред голот на Квадрадо запиша уште една интервенција кога го стопира шутот со глава од само едно метро на Толис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top