Вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски денеска и утре ќе оствари работни средби со претставници на германската федерална влада, јави дописникот на МИА од Берлин, Сојузна Република Германија.
На покана на шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер, Попоски во Берлин ќе учествува на утрешниот министерски состанок на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
Се очекува во текот на денешниот ден вицепремиерот и министер за надворешни работи Попоски да има интензивни контакти со високи претставници на германската влада со цел придлабочување на политичката и економската соработка меѓу двете земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Берлин: Прашањето за германски репарации кон Грција е правно и политички затворено
-
Делегација од Управата за заштита на културното наследство учествуваше на првиот Европски самит во Берлин
-
Поповски: Прекинете го исмејувањето на татковината
-
Првпат во официјална посета на Македонија доаѓа српската премиерка Ана Брнабиќ