
Поранешниот министер за финансии и пратеник од редовите на СДСМ, Никола Поповски, на својот ФБ профил побара да престане понижувањето на земјата со преговорите кои се водат на несериозна основа и укажа на подбивањето на функционери од источниот сосед со Македонија:
„За да сфатиме на која несериозна основа се водат државните преговори со Бугарија и Грција требаше да дојде до денешната катарза во која имаме срамни лицитации и одобрување на подбивни имиња за сопствената татковина и најнепријателски изјави на високи бугарски функционери кои се ситат на нашата целосна политичка изгубеност и си тераат свои агенди.
Им дозволија заеднички да се сликаат, смеат и прегрнуваат истовремено додека тие се подбиваат со нас и секојдневно не навредуваат.
Или прекинете го натамошното понижување и исмејување на татковината или повлечете се од тој процес“, напиша Никола Поповски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


