Во интервју за косовската телевизија КТВ, пратеникот на Собранието на Косово од редовите на Самоопределување, Реџеп Сељими, вели дека најголемата опасност за Косово доаѓа од Србија и побара итно да се зголемат безбедносните капацитети на Косово.
-Србија е во предност. Погледнете на север, ќе видите српски енклави. Ние ни Чаглавица ни Грачаница не ги контролираме. МВР на Косово ги нема под контрола ни припадниците на Полицијата на Косово на северот, вели Сељими. Тој смета дека ситуацијата на Косово е „случајно мирна“, а поради тоа што ситуацијата ја контролира полицијата.
-Полицијата на Косово не е во состојба да уапси еден српски службеник, (Марко) Ѓуриќ, а од другата страна српската полиција го апси началникот на полицијата воМитровица. Како вас, како Влада, не ви е срам, вели Сељими.
Според негова процена, опозицијата не е одговрна за безбедносната ситуација туку таа состојба е последица на фактот дека Косово е „најкорумпираната земја“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации