| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорчев: Татковината е во сигурни раце, 63 пратеници за стабилност во Македонија

Почнуваме како никогаш до сега, ќе појдеме во секое село, секоја улица, секое маало. Треба наредните 55 дена буквално да ја преораме Македонија, да разговараме со што е можно повеќе луѓе и на 11 декември да порачаме дека татковината е во сигурни раце, а ВМРО-ДПМНЕ има 63 пратеници и ќе донесе стабилност во Македонија, истакна вечерва членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев по средбата во гостиварци.

vlatko-gjorcev-1-768x378

– Потребни ни се 63 пратеници во Собранието за да ја осигураме стабилноста на македонската влада. Потребни ни се 63 пратеници за зачувување на уставниот поредок, за зачувување на стабилноста и унитарноста на Р. Македонија. Особено е важно тоа во сите региони, градови, села. Ова се важни избори со кои се одлучува судбината на Македонија. Македонија треба да ја заврши оваа криза и со стабилна влада многу повеќе ќе може да се сконцентрираме на проблемите на граѓаните и нивно решавање, истакна Ѓорчев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top