Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски вечерва на прес-конференција во Кочани изјави дека на претстојните предвремени парламентарни избори, жителите од овој дел на земјата ќе имаат многу значајна улога за обезбедување стабилна Македонија и за да ја сочуваме нашата земја.
Димовски заедно со други членови на партијата беше на средби со граѓани и членови на ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 3.
– Кочани не е истиот град од пред повеќе години. Во Кочани има веќе две странски инвестиции со свои фабрички капацитети. Во Амфенол се вработени 1.200 лица, додека во Антура 250 граѓани од овој град и околината, истакна Димовски.
Главна насока е во Кочани и во Источна Македонија, како што кажа тој, е да се отворат нови фабрики и нови работни места, зголемување на платите и да младите луѓе да останат во Кочани.
– Нашите политички противници ветуваат брда и долини, плата од 30.000 денари… Тоа е политичка лага и лицемерие, истакна Димовски, и додаде дека разликата е голема.
Бројот на невработени во општината од над 10.000 се намали на 4.900 лица од кои половината се пасивни баратели на работа, додаде Димовски.
Трите стратешки проекти кои се однесуваат на Кочани и Источна Македонија, според него, се изградбата на браната Речани на Оризарска река, за која е избран и изведувач на работите, реализација на експресниот пат Штип-Кочани, кој до крајот на годината ќе започне да се гради, како и реконструкција на патот од Кочани до Македонска Каменица и Делчево. Најави и реконструкција на шест училишта во општина Кочани, набавка на нови апарати за општата болница, реконструкција на улици и патишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да не лупнам глупост, ама скарата го загадува воздухот – лупна и остана градоначалник на Кочани (видео)
-
Димовски: Вие одлучивте во овој мандат да не се гради Клинички центар
-
Илија Димовски: Доколку се заврши оваа процедура, одговорно тврдам дека покрај Преамбулата, во Уставот ќе бидат променети најмалку 51 член (видео)
-
Кочанскиот ориз не е ГМО