| четврток, 6 декември 2018 |

Пипа Мидлтон се подготвува за свадба – ќе носи фустан од 10.000 фунти

%d0%bf%d0%b8%d0%bf%d0%b0

Откако блесна со тесниот бел фустан на свадбата на сестра си Кејт Мидлтон во 2011 година, Пипа стана модна икона и секој нејзин јавен настап е коментиран од најмалку десетина модни критичари. Затоа тензиите за свадбениот фустан се големи!

Британски таблоиди веќе успеаја да разберат малку повеќе за идниот настан, како на пример дека идната невеста веќе избрала со нејзиниот вереник Џејмс Метјуз конкретен датум за свадба догодина и деноноќно талка за тоалета.

Извори откриваат дека Пипа ги поминала сите реномирани свадбени бутици, кои продаваат  фустани, кои без исклучок почнуваат од 10 000 фунти.

Нејзината сестра се венча во тоалета на модната куќа Александар Мекквин, создадена од креативниот директор Сара Бартон во вредност од 250 000 фунти. Познатиот фустан на Пипа тој ден беше од истата креаторка и беше проценет на околу 20 000 долари.

Сестрата на Кејт веќе одлучила и како ќе ги извести блиските и познатите за среќниот настан. Таа планирала да пушти покани низ Британија со “Save The Date” (зачувајте го датумот) во божиќните картички.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top