Универзитетот за аудиовизуелни уметност ЕФТА- Скопје ќе го прогласи Самуел Вуерстен, уметнички и генерален директор на Холандскиот денс фестивал (Holland Dance Festival) и извршен продуцент на универзитетот Кодарст за Doctor honaris causa.
Церемонијата ќе се одржи на 20.10.2016 во Дансинг салата во Младинскиот Културен Центар (МКЦ) и ќе започне со беседа на ректорот на универзитетот, Јордан Плевнеш. Во чест на овој свечен чин ќе настапи Скопје танцовиот театар со претставата „Волшебен свет“.
Самуел Вуерстен е едно од оние имиња во областа на танцот, кои извршија огромно влијание во неговото поимање, афирмација и презентација на европско и светско ниво.
Преку својата посветена работа, тој делува на повеќе нивоа во областа на современиот танц и поставува нови стандарди, во областа на едукацијата – Ротердамската танцова академија, КОДАРТС Универзитет, Холандија и катедрата за современ танц при Универзитетот за уметност во Цирих, Швајцарија; уметничко водство во манифестации од областа на танцот – “Holland Dance Festival”, кураторство во областа на танцот – Интернационалниот фестивал „Контекст“, Москва, Русија. Вуерстен е дел од многу Интернационални танцови (балет и современ танц) натпревари, како дел од жирито, како на пример, тој е член на уметничкиот комитет на Prix de Lausanne, но и на Интернационалниот натпревар за балет во Истанбул и Интернационалниот натпревар за млади кореографи ТАНЦЛАБ, Македонија, од самото негово основање.
Својата врвна кариера во областа на танцот, Вуерстен ја започнува како танчер, за подоцна да влезе во областа на кореографијата и едукацијата, со еден збор тој делува на една широка палета на дејности и влијание во областа на современиот танц.
Како уметнички и генерален директор на прочуениот “Holland Dance Festival”, Вуерстен извршува големо влијание во формирањето на вкусот на европската и светската публика, преку создавање на фестивал од светски ранг, на кој се презентираат само компании со префикс најдобри во својата обалст. Како извршен продуцент и копродуцент на Уметничкиот универзитет во Ротердам „Кодартс“ и уметнички директор на катедрата за современ танц при Универзитетот за уметност во Цирих, Швајцарија, тој создава танчери, кои се курентни, не само на европската, туку и светската современа танцова сцена и ги поставува стандардите за едукацијата во областа на танцот.
Вуерстен, во континуитет e дел од интернационални жирија на светски натпревари од областа на балетот и современиот танц; воедно, тој е и уметнички консултант на повеќе танцови и уметнички организации. Во период од една деценија тој е уметнички директор на Интернационалниот танцов фестивал„ STEPS“ во Швајцарија, а од 2013 година, Вуерстен е куратор на Интернационалниот фестивал „Контекст“ во чест на руската балерина Диана Вишнева.
Самуел Вуерстен има една од клучните улоги во формирањето на современата танцова сцена во Македонија, од 2008 година, кога се запознава со Рисима Рисимкин, македонска кореографка и промотор на современиот танц во Македонија. Вуерстен ја поддржува идејата на Рисимкин за создавање на Академија за современ танц и Ротердамската танцова академија станува партнер на Интерарт културниот центар и во 2010 година, со поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија, се отвора Скопската танцова академија при Универзитетот ЕСРА, чиј ректор е Јордан Плевнеш. Оваа академија во изминативе 6 години, под раководство на Рисимкин, со соработка и стручна помош од ротердамската академија, преку програмата за размена на профосори-гости и учество на кореографи, по предлог на Самуел Вуерстен, помага во продукцијата на првите современи танчери “Made in Macedonia”, со европски квалитет. Врз основа на тоа, Рисима Рисимкин во 2011 година го формира Скопје танцовиот театар во кој работат танчерите на Скопската танцова академија.
Во изминативе шест години, Самуел Вуерстен е постојан гостин на проектите на Интерарт културениот центар, како и Скопската танцова академија и Универзитетот ЕСРА, каде е и консултант за програмата за мастер студии од областа на изведувачките уметности.
Голема чест и задоволство е за Македонија, за современата танцова сцена, уметниците од областа на танцот и танчерите кои веќе се дел од јадрото на современиот танц кај нас, да соработуваат со еден уметник од негов ранг. Посебна чест ни е тој да дел од професорскиот и уметничкиот кадар кој ја одбележува работата на универзитетот ЕСРА и поддршката на развојот кој овој универзитет го дава во областа на современиот танц, под водство на ректорот Јордан Плевнеш и кореографот, вонреден професор, д-р Рисима Рисимкин.
Самуел Вуерстен е роден и израснат во Г’штаад, Швајцарија. Своето формално образование за танц го започнува на Хамбуршката балетска школа и Ротердамската танцова академија при универзитетот „Кодартс“. Во моментот живее и работи во Холандија. Во 2011 година тој ја добива почесната витешка титула во рамките на Холандсkиот Одред на Orange-Nassau. Истата година го добива францускиот Орден за уметност и литература и се здобива со звањето Chevalier dans l’ordre des Arts et des Lettres. Орденот го доделува Француското Министерство за Култура за особен придонес за збогатување на француското културно наследство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Зоран Костевски и Лука Суша добитници на наградата „Љубе Цветановски“
-
EСРА прославува 10 години постоење: Фабрис Далмеида ќе одржи предавање „Светската пропаганда и манипулација-Некогаш и Сега“
-
Долги аплаузи за изведбата на студентите од ЕСРА во Софија
-
Меѓународен научен симпозиум за германската драма во Македонија