Во чест на десетгодишнината на Универзитетот за аудиовизуелни уметности – Скопје, студентите по актерска игра од класата на професорот Мето Јовановски настапија на четвртото издание на театарскиот фестивал „Следата 2017“, што во организација на Новиот бугарски универзитет зврши синоќа во Софија, под мотото „Балканот е срцето на Европа“.
Во преполната сала на сцената ДНК во Националниот дворец на културата во бугарската метропола присуствуваше и македонскиот амбасадор Марјан Ѓорчев, како и бројни истакнати бугарски театарски дејци.
Изведбата на македонските студентите, кои се претставија со текстови од Шекспир, Достоевски и Чехов, беше извонредно примена од софиската публика, која на отворена сцена со аплаузи ги награди младите македонски актери.
На тркалезната маса на критиката претставата беше високо вреднувана а најизведуваниот балкански драмски автор во светот Христо Бојчев, кој гледал многу македонски театарски продукции како гостин на националниот фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, но и во повеќе други градови истакна: „Ова е најубавта македонска претстава што сум ја видел.“Режисерот Владлен Александров, кој повеќе пати режирал во Македонија посочи дека ваква игра ретко се гледа на професионалните сцени на Балканот, и дека студентите од класата на Мето Јовановски веќе се подготвени за најсложените театарски предизвици.
Во периодот што следи претставата ќе биде изведена во повеќе македонски градови и сите балкански центри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Изложбата „Мал формат“ на ДЛУМ се отвора вечерва во КИЦ на Република Македонија во Софија
-
Соло концерт „Магична барокна вечер“ на Наташа Диденко
-
МНТ ја подготвува „Галеб“ во режија на Нина Николиќ
-
Студентите три дена кампуваат пред „Стив Наумов“ и Кузман: Списоци има, домовите неспремни за вселување (галерија)