| четврток, 6 декември 2018 |

Симулација на институтот „Димитрија Чуповски“: ВМРО-ДПМНЕ со 63 мандати, СДСМ 35 пратенички места

Симулацијата на анкетата на институтот „Димитрија Чуповски“ покажува дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на изборите во декември ќе освојат 63 мандати.

Се очекува во законодавниот дом да влезат и БЕСА и Движењето за реформи на Зијадин Села. Според пресметката, СДСМ ќе освои 35 пратенички мандати, пренесува „Прес24“.

ДУИ значително ќе го загуби влијанието и ќе освои 13 места во Собранието, а ДПА, шест.

Треба да се има предвид дека симулацијата е направена според Донтовиот модел, но пресметките се правени како Македонија да е една изборна единица, без никаков цензус.

Се очекува мала промена во бројките, особено кај партиите што имаат помал број гласачи кога би се правела симулација по изборни единици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top