Единствена светла точка во лошата претстава на фудбалерите на Ливерпул и Манчестер Јунајтед во вчерашното големо англиско дерби беше голманот на „црвените ѓаволи“, Давид Де Геа, кој денес ги преплави насловните страници на британските медиуми.
Шпанскиот голман беше дел од двата моменти кои ќе останат во сеќавање од ова дерби на двата најтрофејни англиски клубови. Во второто полувреме Де Геа на брилијантен начин успеа да ги одбрани ударите на Емре Џан и на Кутињо, што уште еднаш докажува дека е најдобриот фудбалер на Мурињо во овој момент, но и еден од најдобрите голмани во светот.
David De Gea è poco umano, c'è poco da fare..
Credits: Pallonate (FB) pic.twitter.com/f9pjVQlkpx
— Calciatori Ignoranti (@CI_OfficialPage) October 17, 2016
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.