| четврток, 6 декември 2018 |

Палермо збришан на Сицилија, Торино одигра перфектен натпревар (видео)

torino

Синоќа на Сицилија беше одигран последниот натпревар од осмото коло во Серија А лигата. Палермо беше убедливо поразен на домашен терен од Торино со 1-4 и остана во опасната зона на табелата. Први во водство дојдоа домаќините преку погодокот на Чочев уште во 5. минута од дуелот. Тој погодок како да го разбуди тимот на Синиша Михајловиќ и после тоа следуваше потоп на екипата на Илија Несторовски.

Адем Љајиќ во 25. минута од натпреварот го израмни резултатот, а 15. минути подоцна донесе комплетен пресврт на „биковите“. Веќе во завршницата на првото полувреме, Бенаси постигна нов погодок за недостижни 1-3 за Торино.

Даниеле Базели во 50. минута од натпреварот одлично ја искористи асистенцијата на Фалке и ја смести мрежата во тимот од Сицилија. Во 64. минута се разбуди Илија Несторовско кој упати силен удар кон голот на Торино, но топката помина покрај десната статива. Во 73. минута, Чочев беше повторно во можност да постигне погодок, но после ударот со глава, топката заврши во пречката на голот на Торино. Ова е четврт пораз на Палермо оваа сезона, кој се наоѓа на загрозувачката 18. позиција на табелата, а Торино се искачи на 4. место со 14. бода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top