| четврток, 6 декември 2018 |

Вељаноски: Блокадата на Собранието е подривање на државата

Се надевам дека по 11 декември ќе престанат бојкотите на Собранието, изјави во гостувањето во вестите на ТВ Нова претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски.

-Најважниот столб во една држава, во парламентарна држава е парламентот, во било која држава, вклучувајќи ја и Република Македонија, рече Вељаноски.

Вељаноски нагласи дека во повеќе наврати, за жал, имало случаи кога една политичка опција излегувала па влегувала во парламентот. Тоа е лоша пракса, вели Вељаноски, но и лоша слика и за Македонија и за таа политичка опција којашто го прави и што го бојкотира еден најважен институт, а тоа е Собранието во Р. Македонија.

-Мислам дека треба да се престане со таа пракса со напуштање на парламентот, затоа што ние како политички претставници на партиите го бараме гласот, да го застапуваме во парламентот. Се надевам дека по завршувањето на изборите таа пракса на бојкотирање, условно да кажам, на собранието ќе се напушти, ќе се влезе во еден помирен политички циклус во Р. Македонија и за жал оваа поделба којашто постои во општеството ќе се надмине со изборите коишто ќе се случат на 11 декември, вели Вељаноски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top