„Скај спорт“ спроведе истражување за тоа кој фудбалски тим продал најмногу дресови во последните пет години.
Со 1,75 милиони продадени дресови во последните пет години, на првото место на листата на „Скај спорт“ се најде англискиот прволигаш Манчестер Јунајтед.
Со само 100 илјади продадени дресови, на второ место се наоѓа мадриски Реал, додека Барселона со 1,28 милиони продадени дресови е на трето место.
Следуваат Баерн Минхен (1,2 милиони) и Челси (899.000).
Листата од десет клубови чии дресови најмногу се бараат продолжува со Ливерпул (852.000), Aрсенал (835.000), ПСЖ (526.000), Jувентус (452.000) и Борусија Дортмунд (393.000).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.