| четврток, 6 декември 2018 |

Испрскајте ја зимската облека со вотка – за овој совет ќе ни заблагодарите

123858_votka-pokr_630x0

Отакако неколку месеци поминала во ормарот, џемперите и останатата зимска облека, може да имаат примено непријатна миризба. Со сосема едноставен трик лесно ќе ја решите оваа мака.

Слободно послужете се со најевтината вотка која ќе ја пронајдете и сипете ја во шише за распрскување. Попрскајте облеката од 15-ина сантиметри оддалеченост, а потоа закачете ја добро да се исуши.

Со оглед дека алкохолот ги убива сите бактерии, па и оние одговорните за непријатни мириси, вашите џемпери и останата зимска облека ќе ви бидат сосема свежи.

Овој трик најдобро делува на волна, памук и полиестер, но затоа избегнувајте свила и кожа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top