Дојдовме до тоа што долго време го чекаа македонските граѓани, дојдовме до посакуваната цел, која треба да значи почеток на крајот на кризата, дојде време за одговорот кој граѓаните им го спремаат веќе две години. Откако ја воведоа државата во невидена криза и на работ на внатреетнички, но и можност за меѓуетнички конфликт, посакуваа крвопролевање, сакаа да не закрват до крај за да може без вољата на народот да дојдат на власт, затоа што така смислиле. Но силата и мудроста на овој народ е многупати низ историјата докажувана. Трпението на овој народ е неговата најсилна доблест, иако многумина го сметаат за хендикеп. Не! Со тоа трпение нашиот народ чекор по чекор дојде до посакуваната цел- Изборите. Моментот кога власта се враќа кај него и тој одлучува на кого ќе даде доверба да го води, кој може да ги решава неговите секојдневни проблеми, кој може да направи подобро за народот и државата, кој нема да ги изневери и кој ќе го чува нивниот грб. Време е за крај на кризата, порача Груевски пред огромниот број на насобрани граѓани.
Лидерот на владејачката партија порача дека време е конечно целосно да се стави фокусот со сето внимание на реалните проблеми на граѓаните.
Да говориме за економијата, за новите работни места, за земјоделците, за нивните проблеми, за образованието, здравството, инфраструктурата, за напредокот во секој поглед и во секој сегмент, за новите перспективи на земјата и сите граѓани во неа, нови можности и шанси за нови инвестиции. Нималку наивни дека тие овде ќе престанат, но свесни дека токму со овие избори ќе се покаже една јасна и недвосмислена воља на нашиот народ за напредок на својата татковина, но и порака до сите дека оваа земја е земја на граѓаните на Македонија, на народот на Македонија и тие одлучуваат за нејзината иднина. Никој друг не може да крои, прекројува како што се туѓите интереси, туку за оваа земја одлучуваат нејзините граѓани, нејзиниот народ и тие најдобро знаат кој треба да ги застапува, кој може да им помогне во секојдневните проблеми и кој може да го чува нивниот интерес. Тоа што се обидуваа да го направат е да не тргнат од темата која ве тишти секојдневно. Економијата, новите работни места, иднината и можностите за развој, инвестициите. Тие не држеа во заложништво со мрачни теми на поделба, на конфликтност, додека ние и покрај се, се обидувавме да работиме на програмата, на тоа што сме ви го ветиле, и на темите за кои вие сте заинтересирани, порача Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.