| четврток, 6 декември 2018 |

Пејачката го обвини Рaсел Кроу: Ме давеше, па ме исфрли низ врата

russell-crowe-azealia

Американската пејачка Азелија Банкс се пожалила дека на приватна забава кај Расел Кроу доживелала вистински пекол и дека едвај извлекла жива глава. 25 годишната пејачка на Фејбук напишала

– Да скратам… бев на забава кај Расел Кроу во неговиот апартман. Човекот ме нарече „луда црнкиња“, ме давеше и ме исфрли од својот апартман и ме плукна. Човекот кој беше со него во апартманот само мирно седеше и не сакаше да ми помогне. Се чувствувам грозно, напишала таа.

ab4

Нешто подоцна таа го избришала својот статус, а дел од коментарите кои излегле за овој случај е дека токму таа била единствената која непристојно се однесувала на забавата.

Инцидентот се случил во еден хотел во Беверли Хилс, а меѓу гоститие имало повеќе познати актери и музичари. ТМЗ пишува дека ситуацијата се вжештила кога Азелија на еден од гостите му рекла дека е „досаден белец“. Потоа неколку луѓе почнале да го бранат човекот, по што пијаната Банкс станала агресивна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top