Екипата на Милан стигна до триумф од 1-3 во синоќешниот дуел на гостувањето во Верона против екипата на Киево во 8. коло од италијанскиот шампионат.
„Росонерите“ победата ја најавија во првото полувреме, со голот на Словакот Јиржи Куцка во 45. минута од средбата. Во второто полувреме, Милан зголеми и на 0-2 со голот на Нианг во 46. минута, домашните преку Бирса во 76. минута успеаја да намалат на 1-2, а Милан со автоголот на Даинели во 94. минута ги постави конечните 1-3. Милан по оваа победа го прескокна Киево на табелата, па сега со 16 бода е на делба на втората позиција заедно со Рома, зад водечкиот Јувентус кој има 21 бода. Киево остана на претходно освоените 13 бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)