| четврток, 6 декември 2018 |

Кучиња скитници демолираа автомобил, осигурувањето не опфаќа надокнада на ваква штета (видео)

Кучиња скитници ја демолираа Тојотата Корола, а нивниот поход го забележаа безбедносните камери.

Се се случило во турската покраина Сакариа, кога под темната ноќ, чопор на кучиња скитници одлучија силите да ги одмери со лимузината.

Најпривлечно им беше предниот крај каде го растргнаа браникот и уште по некој детал.

Кога сопственикот на возилото утрото го видел својот автомобил, се посомневал на вандализам и обид за кражба на возилото, и веднаш ја контактирал полицијата.

По прегледот на камерите вандалите се видени, но за жал, осигурувањето на возилата не опфаќа надокнада на ваква штета. Штетата која ја направиле изнесува околу 1600 долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top