Груевски денеска од големиот собир на ВМРО-ДПМНЕ се осврна и кон неопределените граѓани, за кои, како што рече, ги потсети како е СДСМ да ја има извршната власт, да се потсетат оние кои го подзаборавиле нивниот начин на работа и функционирање, да се потсетат и уште еднаш да видат и да направат разлика кај СДСМ од она што го говори и ветува, до она што го прави.
-СДСМ добија власт од 7 месеци досега, ќе ја има уште два, и добро е што добија, за народот да ги види во позиција на власт, да го види и нивното партизирање на институциите, и односот во сверата на медиумите, и во сверата на правосудството, и во партиските и роднински унапредувања и наградувања, и во алчноста по скапи коли, мебели и слично, во неспособноста да направат барем една реформа или проект со која ќе се подобри квалитетот на живот на граѓаните или компаниите, и во депрофесионализацијата и партизацијата на полицијата, и во кочењето на проектите како што Ременски се обидуваше да ги закочи отворањата на веќе изградени градинки, и во блокирањето на нормалното функционирање на буџетот и во многу други свери, слика и прилика за народот да знае што може да очекува од овие луѓе.
Знам дека многумина од ваз бевте разочарани или лути што им ослободивме министерски, заменички или директорски места. Ич да не сте, зашто ова беше шанса народот да ги види нивите лица. Ептен им фала на СДСМ во тој поглед и на сите што им помогнаа да добијат извршна власт.
Штетата што ја направија на државата со своето неработење, кочење на проекти, и деструктивно однесување за се, на овие луѓе во овие месеци во кои практикуваа власт, кои така замислуваат дека може да дојдат на власт, ќе ја надокнадиме по изборите со уште поголема посветеност, со уште поголема работа, со освежувања во нашиот тим, со извлечени поуки од нашите грешки во минатото, и со визија, стратегија, реформи и многу работа.
Поминавме низ сите нивни лудории, како оние од типот дека имало 500 илјади фантомски гласачи, па незнам што со медиумите, па ваков-онаков закон за избори, закон за влада, па во ДИК да имале доминација под превезот дека ќе имало таму неутрални членови, министри, заменици со право на вето, се поминавме за на крај да кажат зошто сето ова го правеле, дека требало да ја редефинираат државата, сега му било мајката. Ептен им фала и за тоа, што си ги кажаа намерите и ветувањата кои некому му ги дале- порача Груевски од големиот собир на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.