| четврток, 6 декември 2018 |

Ние сме тука за земјоделците и кога е најтешко

Подршката за земјоделците и производителите на храна не беше заборавена во обраќањето на претседателот на ВМРО- ДПМНЕ Никола Груевски на големиот партиски собир во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

-Предвидените средства за субвенции за земјоделците како што ветивме така и се исплаќаа. Дополнително на тоа излеговме во пресрет со нова поддршка на сточарите кои претрпеа штети од болеста син јазик, а тука бевме да помогнеме на сточарите и годинава кога се соочија со штети и опасност од болеста јазлеста кожа.

Им подадовме рака на производителите на домати кога им беше тешко преку воведување на дополнителната финансиска поддршка. Не им го свртевме грбот ни на лозарите со дополнителни субвенции, како што  искрено помогнавме и на оризопроизводителите со дополнителна поддршка, исто како што излеговме во пресрет и на производителите на пченица за кои дефиниравме и дополнителна субвенција по хектар и поддршка за складирање…

Им подадовме рака и помогнавме на земјоделците чии посеви беа опфатени од поплавите кои сен беа случиле цели 40 години во таков обем. Ветивме и резлизиравме 100 процентно обесштетување за земјоделците.

И сето ова во време кога бевме под силен удар на политичката криза. Така ВМРО-ДПМНЕ помага на земјоделците. Ние сме тука за земјоделците секогаш и кога е најтешко сме тука да помогнеме- додаде Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top